Се’ било снимено од надзорна камера.
Според полицискиот извештај, крадците упаднале во салонот околу 2 часот по полноќ, а по неполна минута извадиле шест нови автомобили. И не било кои, туку шест Dodge Challengers во верзијата SRT Hellcat. Тоа се случило во Don Franklin Somerset Chrysler Dodge Jeep Ram во Сомерсет, Кентаки.
„Навистина потресно. Исчезнаа автомобили вредни 600.000 долари. Знаете, тоа се многу пари. Многу голема работа“, изјавил менаџерот на салонот Адам Брајант за WKYT. „Го скршиле задниот прозорец, влегле во зградата, ги нашле клучевите од сите шест возила и ги одвезле од паркингот“, продолжил тој.
Според менаџерот на салонот, алармот се вклучува 60 секунди по откривањето на неовластен влез. Тие направија се и беа надвор од салонот за 40 секунди. Полицијата на местото на кражбата пристигнала за 3 минути, но веќе било доцна.
Во меѓувреме полицијата успеала да лоцира пет автомобили, а потрагата по шестиот се уште трае. Од пет автомобили, еден настрадал во сообраќајна несреќа, а возачот бил фатен и затворен. Вториот автомобил бил лоциран само поради тоа што останал без бензин.
Интересно е што овој модел често е мета на крадци. Во последните неколку години имало голем број кражби во салони, меѓу кои и оваа, која минатото лето беше мета на крадци. Тогаш биле украдени четири автомобили. Сите биле во Hellcat изведба.