17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

ВИДЕО: Нови 8К снимки од Титаник откриваат неверојатни детали од потонатиот брод

Најчитани вести

Најновата снимка од остатоците од бродот кој потона во 1912 година откри досега непознати детали за популарниот Титаник.

Снимката открива сидрен синџир тежок околу 90 килограми, големо сидро и едностран котел кој паднал на дното од морето кога бродот пред 110 години се прекрши на два дена и потоа на 3.810 метри под површината на Атланскиот океан.

Потонатиот брод го снимала компанијата за нуркачки излети „OceanGate Expeditions“ и има најјасен приказ на бродот. Резолуцијата е 8К и овозможила да може снимката да се зумира без да губи на квалитет. Поради ова се гледале некои неверојатни нови детали и бои од Титаник.

Мисијата траела осум дена. Покрај експертите за мисии учествувале и истражувачи, а сите заедно го гледале бродот од затворена подморница.

-Неверојатните детали од снимката ќе им помогнат на нашите експерти прецизно да го опишат распаѓањето на Титаник, а ќе продолжиме да снимаме и следната година, изјавил Стоктон Раш,  претседател на компанијата.

Подморницата Титан е опремена со најнова технологија која ќе помогне да се одреди стапката на распаѓање и да се процени разновидноста на морскиот живот кој настанал на бродот.

Откако Титан се паркиран на Титаник, екипажот бил дочекан од големо сидро кое се уште се наоѓа на палубата, онака како што изворно бил прицврстен.

Виделе и никогаш претходно забележани детали, како изгравиран натпис “Noah Hingley & Sons Ltd” на левото сидро.

Титаник потоа на својата прва пловидба, на 14 април 1912 година, четири дена по почетокот на патувањето од Англија до САД.

Големиот брод удри во санта лед, а при потонувањето загинаа 1.517 патници и членови на екипажот од 2.224. Остатоците од потонатиот пред се пронајдени пред околу 37 години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com