16 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Видео: Непријатен дочек за Борис Џонсон од граѓаните во поплавените подрачја

Најчитани вести

Британскиот премиер Борис Џонсон наиде на „ладен“ прием за време на посетата на подрачјата погодени од поплави на северот од Англија, каде жителите го критикуваа дека му било потребно многу време за да дојде и да се увери во големината на штетата, пренесе српски „Курир“.

Џонсон направи пауза во кампањата за изборите за да го посети Стејнфорд во Јужен Јокршри, каде жителите продолжуваат да се справуваат со последиците од поплавите, а војниците поставуваат вреќи со песок.

Жителите воопшто не беа возбудени од посетата на Џонсон, префрлајќи дека „му требало премногу време за да дојде во поплавените региони“.

– Не ни помогна…Не знам што правиш денес тука – дофрли една жена кон Џонсон.

Џонсон подоцна изјави за новинарите дека ја разбира вознемиреноста на граѓаните. Како што рече, претставува „голем шок да гледате како имотот ви исчезнува“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести