23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

ВИДЕО: Меси инспиратор на пресвртот, Барса во финишот го растажи Бетис

Најчитани вести

Ефикасно надигрување донесе дуелот на „Бенито Виљамарин“ на кое Бетис испушти бод во завршницата против фаворизираната Барселона (2-3) во 22. коло од шпанска Примера.

betis-barca-2.jpg

Долго време силите се испитуваа, а пред самата пауза „зелено-белите“ на Мануел Пелегрини го шокираа гостинот. Иглесијас се најде во изгледна позиција и ја искористи со прецизен удар.

Каталонците имаа повеќе од играта и полека го пробиваа одбранбениот бедем на домаќинот. Конечно Лионел Меси го „скрши мразот“ и со прекрасен удар донесе израмнување. Многу брзо резултатот се сврти во корист на гостинските фудбалери, по автоголот на Виктор Руиз.

Истиот фудбалер се извади за грешката и донесе 2-2 седум минути подоцна. Се чинеше дека тоа ќе биде доволно за реми, но Тринкао со помош на стативата донесе радост за својата еккипа.

Барса го прескокна Реал Мадрид и поради подобра гол-разлика стои на второто место. Бетис по подолг период загуби во шпанскиот шампионат и остана на седмата позиција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести