Пред неколку дена една кокошка предизвикала вистински хаос на железничката станица “Центро Медико” во Мексико Сити.
Имено, кокошката некако завршила на шините, а бидејќи станицата е на повисоко место, кокошката никако не успевала да дојде на безбедно.
За среќа, на помош дошле луѓе кои се нашле на станицата, како и персоналот задолжен за одржување на железницата.
Откако кокошката им побегнала неколку пат од страв, луѓето на крајот успеале да ја натераат во агол и да ја уловат со парче облека.
Но, целата сцена делувала некако комично.