14 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

(Видео) Китев: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите

Најчитани вести

ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите. Претседателот на Комисијата за избори и именувања од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, упорно не свикува седница на комисијата. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува роковите за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ, изјави пратеникот од СДСМ Бетиане Китев.

„На тој начин Димовски и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на партиски пазарења, кои се спротивни на целите на законот и кои во никој случај нема да се случат. Очигледно дека единствената цел за таквото однесување е зачувување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ во ААВМУ кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше земјава. Еден од нив е Зоран Трајчевски, директорот на AАВМУ и некогашен советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, кој вчера ширеше лажни вести кои официјално беа демантирани од страна на Мнистерството за внатрешни работи“, рече тој.

Како одговорна партија, рече Китев, бараме законот да се почитува и веднаш да се свика Комисијата за избори и именувања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести