Home » (Видео) Избрана најсмешната сцена на сите времиња во британските ситкоми

(Видео) Избрана најсмешната сцена на сите времиња во британските ситкоми

by Журнал.мк

Секој има свој омилен ситком и омилена сцена, но кога станува збор за британските ситкоми и најсмешните моменти, британската јавност неодамна ја изгласа најсмешната сцена во историјата на ситкомите од Велика Британија.

Станува збор за момент од легендарната серија „Only Fools and Horses“ во текот на кој пијаниот Дел Бој пропаѓа низ шанкот бидејќи не забележува дека е подигнат делот на кој сака да се потпре, сето тоа додека неговиот пријател Тригер апсолутно нема поим што се случува.

ТВ каналот „Gold“ организирал гласање на тема најдобра сцена во ситкомите, во кое учествувале околу 2000 лица. Покрај омилената сцена, „Only Fools and Horses“ е прогласена и за омилена серија со 29 отсто од гласовите, а Дел Бој за омилен лик со 59 отсто од гласовите.

Ова не е првпат оваа серија да се истакне повеќе од останатите – минатата година 1.100 луѓе ја прогласија за омилена во гласањето на сајтот „RadioTimes“ по повод 40-годишнината од серијата.

На второто место на најомилени моменти се најде сцената од серијата „The Vicar of Dibley“ во која Џералдин Гренџер паѓа во длабока бара во текот на прошетката на село.

На трето место е сцената од серијата „Dad’s Army“ во која германскиот офицер прашува за името на војникот Пајк, а капетанот Мејнворинг случајно вели: „Не му кажувај, Пајк!“.

На четвртото место е популарната сцена од серијата „Fawlty Towers“ во која Базил Фолти повеќепати го удира својот автомобил со гранка од дрво откако го иритира што не сака да запали.

https://youtu.be/mv0onXhyLlE

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More