13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

ВИДЕО: Елмас со лоб го поттурна Наполи до полуфинале во Купот на Италија

Најчитани вести

Наполи ја оправда фаворитската улога, славеше над Специја (4-2) и се пласира во полуфиналето во Купот на Италија.

Ељиф Елмас беше еден од авторите на головите во сигурната победа на „Диего Армандо Марадона“, откако македонскиот репрезентативец со атрактивен лоб се запиша во листата на стрелците пред крајот на првото полувреме за предност од 4-0.

Пред него, погодија Кулибали (5. минута), Лозано (20. минута) и Политано (30. минута), па вториот дел за фаворитот беше само формалност. Опуштањето на Наполи и измените кои ги направи Гатузо ѝ дозволија на Специја да даде два гола, преку Гјаси и Акампора во 70. и 73. минута.

Наполи во полуфиналето ќе се соочи со Аталанта, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Интер и Јувентус. Во фазата на најдобрите четири се игра двомеч.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести