Home » ВИДЕО: Електричното летало Alia прелета повеќе од 2.200 километри

ВИДЕО: Електричното летало Alia прелета повеќе од 2.200 километри

by Журнал.мк

Електричното летало Alia, произведено од Beta Technologies, прелета 2.258 километри.

Alia полета од меѓународниот аеродром Платсбург во Њујорк, а крајната дестинација беше Бентонвил, Арканзас. На патувањето имаше неколку постојки, а вкупното растојание беше 2.258 километри. Тестот беше спроведен од 23 до 30 мај.

Овој лет го промени погледот на електричните авиони, бидејќи вниманието е насочено не само на такси услугите, туку и на подолгите патувања.

Она што го прави ова летало посебно е импресивната мрежа за полнење. Компанијата Beta дизајнираше мрежа за полначи која е основа на електричниот транспорт. Полначите се безбедни и брзи и можат да полнат авиони на земја и во воздух. Тие лесно се интегрираат во постоечката транспортна инфраструктура во која било средина. Во моментов има 60 локации во функција или во изградба и тие го отвораат патот за мрежа на полначи подготвена да поддржува нови и постоечки начини на електричен транспорт.

Адаптивните полначи може да се инсталираат како самостојни инсталации или да се интегрираат во дистрибутивните центри. Постои можност за користење на постоечката сончева енергија и складирана енергија, а системите се одржливи, сигурни и наменски изградени за поддршка на мултимодален електричен транспортен систем.

Од полнење на возниот парк, преку приватни хангари до индивидуално полнење, компанијата тврди дека има решение кое одговара на секој оператор.

Alia се развива веќе три години, се започна со скица, дизајнирана е според основните принципи на летот, а може да полетува и слетува вертикално и да лета на подолги патувања.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk