Дека нешто не е добро меѓу Сари и Роналдо со денови трубат медиумите ширум Европа. Роналдо има лоша сезона, шест гола на 14 меча што не е вообичаена цифра за 34 годишниот фудбалер кој веќе со години дава по 50 и 60 погодоци по сезона.
Роналдо беше заменет на последните два меча на Јувентус, а мечот со Аталанта го пропушти поради наводна повреда иако претходно одигра два меч за селекцијата на Португалија.
Сето тоа доведе до сомнеж за односите меѓу Роналдо и тренерот Сари, но на последниот тренинг пред мечот од ЛШ против Атлетико можеше да се забележи како тие двајца неколку минути разговараат.
Не е позната темата на разговор, но сега е барем јасно дека имаат комуникација, нешто спротивно од тоа што медиумите тврдеа дека меѓу нив нема интеракција.