7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

(Видео) Градоначалникот на Подгорица со поддршка за Шилегов

Најчитани вести

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, објави дека заедно со неговиот колега и одличен пријател, градоначалникот на Подгорица Иван Вуковиќ, продолжуваат да разменуваат искуства и да ги развиваат извонредните меѓусоседски односи.

„Неколкупати во изминатите години го посетив Скопје и сведок сум на оваа позитивна трансформација што ја има во Скопје, на инфраструктурниот развој и можам да потврдам дека Скопје го има еден од најдобрите градоначалници од овој дел на Европа, со видливи и мерливи резултати“, вели Иван Вуковиќ.

СКОПЈЕ СЕ ДВИЖИ ВО ВИСТИНСКА НАСОКА – ПОДДРШКА ОД ИВАН ВУКОВИЌ

Еден регион е силен онолку колку што се силни врските и континуитетот на пријателствата меѓу државите кои го сочинуваат. Со мојот колега и одличен пријател, градоначалникот на Подгорица Ivan Vuković, деновиве остваривме една средба во која продолжуваме да учиме меѓусебно од нашите искуства, дополнително продлабочувајќи ги извонредните меѓусоседски односи. Најдраго од сѐ ми е што заеднички се согласуваме дека Скопје се движи во вистинска насока и дека заедно со Подгорица овие градови и во иднина можат да бидат пример за тоа како се имплементираат исправни градски политики. #ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна #Најдоброто

Posted by Петре Шилегов on Tuesday, October 12, 2021

„Најдраго од сѐ ми е што заеднички се согласуваме дека Скопје се движи во вистинска насока и дека заедно со Подгорица овие градови и во иднина можат да бидат пример за тоа како се имплементираат исправни градски политики“, објави Шилегов.

Шилегов по повод заедничката средба укажува дека еден регион е силен онолку колку што се силни врските и континуитетот на пријателствата меѓу државите кои го сочинуваат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com