9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

ВИДЕО: Голем пожар во Белград, огнот се гаси и со брод од Дунав

Најчитани вести

Во белградската населба Дорчол рано утринава се запали магацин. Густ црн чад се издигна над населбата и може да се забележи од голема оддалеченост.

Според првичните информации на Министерството за внатрешни работи, засега нема повредени во инцидентот.

Станува збор за приватен магацин во кој главно се складира хартија и картони.

Повремено пука стакло и се слушаат помали детонации. Реонот е блокиран, а во тој дел од градот е создаден метеж бидејќи полицијата го пренасочува сообраќајот.

На местото на пожарот се наоѓаат 13 пожарникарски возила и 46 пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат големиот оган. Пристигна и брод со 50 пожарникари кои огнот да го гасат од другата страна на магацинот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести