1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

ВИДЕО: Во Канада рекордни температури и разурнувачки пожари

Најчитани вести

По рекордните температури, канадскиот град Литон е речиси целосно уништен од пожар.

радоначалникот на Литон претходно нареди евакуација на луѓето, велејќи дека пламенот се проширил на едно место за само 15 минути. Околу 1000 жители беа евакуирани, многумина без никакви лични работи, бегајќи пред огнот и чадот.

Во огнената, шумска стихија, изгореа 90 проценти од градот, каде што беше забележана највисоката температура во Канада на сите времиња, рече локалниот советник Бред Вис. Тој истакна дека пожарот целосно го уништил центарот на градот, место во Британска Колумбија, и предизвикал огромни оштетувања на околната критична инфраструктура. Оваа недела на тоа место е забележана највисоката температура во земјата на сите времиња – 49,6 степени.

Досега невидените, рекордни температури однесоа стотици животи во Канада. Неочекувано високи температури се забележани низ цела Северна Америка.

Во Британска Колумбија, во западниот дел на Канада, биле регистрирани 486 смртни случаи за пет дена, додека под нормални околности, оваа бројка изнесува 165.

Пред оваа недела, температурата во Канада никогаш не надмина 45 степени.

Топлотниот бран е предизвикан од високиот притисок на воздухот над северозападниот дел на САД и Канада.

Експертите велат дека климатските промени се очекува да ја зголемат зачестеноста на екстремни временски настани, како што се топлотните бранови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести