15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

ВИДЕО: Бледа „нула“ со Каљари, Милан испушти меч топка за ЛШ!

Најчитани вести

Фудбалерите на Милан ја испуштија првата меч топка да обезбедат место во Лигата на шампионите и одиграа реми против Каљари (0-0). Иако победата им беше императив и со неа ќе се вратеа во елитното друштво, играчите од Милано не успеаја во намерата и

„Росонерите“ беа под видлив притисок, што се одрази на играта на овој тим. Каљари играше одлична зонска одбрана, со класичен „бункер“ ги затвори приодите кон голот на Крањо. Единствената добра шанса во првиот дел за Милан ја имаше Салемакерс, од околу 20 метри биеше прецизно и изнуди одлична голманска одбрана. На спротивната страна иако Каљари изврши притисок, сериозните можности изостанаа.

Во второто полувреме, гостите од Сардинија тргнаа пак добро и имаа две шанси по нафрлени топки, а Донарума интервенираше по ударите на Паволети и Годин. Милан го стегаше обрачот пред противничкиот гол, ама не успеваше да го скрши отпорот на ривалот. Резервистите Кастиљехо и Леао имаа две полушанси, ама голот на Крањо остана незагрозен.

Иако притисокот беше голем и Пиоли фрли сè на карта напад, гостинската екипа успеа да се одбрани и да освои за нив неважен бод во Серија А.

Милан по овој кикс ќе мора да брка победа во последното коло против Аталанта, а ривалите за место во Лигата на шампионите Наполи играат со Верона, додека Јувентус со Болоња.

Удинезе без Илија Несторовски на домашен терен загуби од Сампдорија со 0-1, а Сасуоло славеше во Парма со 1-3. Беневенто си ја искомпликува својата позиција во борбата за опстанок со ремито против Кротоне.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести