3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

(Видео) Адел заплака во шоуто кога ја виде нејзината учителка

Најчитани вести

Британска пејачка Адел заплака во емисијата на глумицата Ема Томсон, кога ја виде нејзината учителка. Томсом за време на снимањето на специјалната емисија An Audience With Adele, која ја снимаше за ITV, во публиката ја поканила и нејзината учителка, госпоѓа Мекдоналд.

Во разговорот Адел и признала на Ема дека нејзиниот најголем идол како дете и била Мекдоналд, која ѝ предавала англиски една година во школото Честнут Гров.

„Имав една учителка која ме учеше англиски. Госпоѓа Мекдоналд. Поради неа го засакав пишувањето. Беше закон. Поради неа го засакав јазикот и се гледаше колку и е грижа за сите нас“, рече Адел.

Во тој момент Мекдоналд излезе од публиката и ја изненади Адел, која не успеа да ги задржи солзите. Таа се качи на бината и ја прегрна нејзината поранешна ученичка. Адел за момент мораше да го прекине настапот, а на видеото кое го сподели на интернет доби голем број убави коментари.

„Моментот со професорката беше толку впечатлив што и мене ме расплака“, и напишал еден фан на „Твитер“.

„Јас сум учителка по Англиски и се надевам дека и мене еден ден моите ученици ќе ме паметат како Адел“, и напишала друга нејзина голема обожавателка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com