Home » Видал со солзи во очите го напушти теренот, дали е ова крај за неговата кариера?!

Видал со солзи во очите го напушти теренот, дали е ова крај за неговата кариера?!

by Lina Muslija

Репрезентациите на Чиле и Колумбија одиграа без голови, 0-0, во квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство.

Сепак, она што се случи во 72-рата минута ги загрижи чилеанските навивачи бидејќи легендата на Чиле, Артуро Видал, мораше да ја напушти играта поради повреда.

Тој се повредил уште на загревањето, но инсистирал да игра. Сепак, проблемите со коленото продолжиле и во текот на мечот, а во 72-рата минута со солзи во очите го напушти теренот. Според шпекулациите од тамошните медиуми, повредата може да е сериозна, што би значело и крај на кариерата на 36-годишниот фудбалер.

Видал во моментов настапува за бразилскиот Фламенго, а во својата богата кариера играше и за Јувентус, Интер, Барселона и Баерн.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk