20 C
Skopje
Saturday, February 27, 2021

Вибер дозволува да правите сопствени стикери

Најчитани вести

Вибер објави дека ќе им понуди на корисниците можност да создадат персонализирани „стикери“ со своите фотографии за употреба во разговор со пријателите. Функцијата сега е активна на Android,а наскоро ќе биде достапна на iOS и апликацијата Viber PC.

Секој ќе може да создаде пакет до 24 „стикери“ на три начина – со лансирање на функцијата на „стикери“ пазарот; преку лентата за „стикери“ од менито за разговор; или со фотографирање и претворање во „стикери“ од опциите за уредување.
Новата функционалност им овозможува на корисниците да ги ротираат фотографиите и да ја отстранат нивната позадина доколку е потребно, како и да додаваат цртежи, текст, други „стикери“ и емотикони.
Креаторите тогаш ќе можат да изберат дали нивните креации остануваат за нивна лична употреба или ќе им бидат достапни на другите луѓе во апликацијата.
Исто така, постои опција да се пријават неправилности доколку јавните „стикери“, создадени од други корисници, ги кршат правилата на Вибер.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести