7 C
Skopje
Thursday, February 25, 2021

Вељко им ја соопштил радосната вест на родителите на Богдана

Најчитани вести

Родителите на свршеницата на синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, се среќни што нивната ќерка е бремена и тие веќе започнале со подготовките за свадбата, која е закажана за 24 ноември.

Бидејќи снаата на Цеца Ражнатовиќ дознала дека е во бремена пред три дена, веднаш ја закажаа свадбата за 24 ноември во хотелот Хајат. Додека идната невеста е на вообичаеени труднички прегледи во Белград, Вељко Ражнатовиќ престојува во нејзиниот Тител, во куќата што ќе ја добие како чеиз. Мајката на Богдана,  Данијела и таткото Богдан се воодушевени од добрата вест, па затоа ги поканија новинарите во куќата да ги почестат и наздрават за среќната вест со домашна ракија.

„Вељко ни ја донесе добрата вест во вторникот. Прво бевме во шок, а во исто време и среќни. Не се надевавме на принова, затоа што не се разговараше за тоа и не им вршевме притисок. Децата живеат заедно во Белград веќе една година и ним им е убаво. Мислевме дека сепак ќе уживаат во љубовта и патувањата уште некое време“ – вели гордиот иден дедо, а потоа идната баба се вклучила во разговорот. Таа вели дека веднаш се јавила кај сваќата Цеца, откако дознала за внучето кое е на пат.

„Таа беше пресреќна, а вечерта ние, овде  собравме пријатели да славиме. Не е важно дали ќе биде машко или женско, важно е да е живо и здраво – вели Даниела. Иако младите ја планирале свадбата за следната година, сознанието дека ќе станат родители за седум месеци ја забрза нивната венчавка и семејна веселба.

По венчавката, тие ќе живеат во Белград затоа што не сакаат да ја остават Цеца сама. Тие исто така можат да живеат и овде, зашто на Вељко му даваме куќа во чеиз, но тие сепак се определија за големиот град. Нивната одлука е заповед за нас“ – вели таткото на невестата Богдана, посочувајќи дека тој има зет за пример.

„Верен и е на Богдана, а е посветен на спортот. Тој ја гледа како кралица, а за нас како родители ова е најважното нешто. Тој го сака Тител и овде доаѓа редовно, а тука ги чува и своите кучиња“ – истакнуваат сватовите на Цеца и додаваат:

„Без оглед на тоа што е со Вељко, таа не е променета, па затоа сè уште ни помага околу фармата за пилиња. Таа беше тука минатиот викенд и да продава со нас на пазарот. Претходно, таа претежно физички се напрегаше, креваше тешки работи, а овој пат, како да имаше претчувство за бременоста, па не се замори физички“ – вели таткото на невестата.

Неговата сопруга истакнува дека е во одлични релации со фолк ѕвезда, но дека со сваќата баш и немаат време често да се гледаат.

„Цеца често патува по концерти, а и ние сме со обврски. Немаме време како порано, да седнеме и да се дружиме по дома. Редовно контактирам со неа. Сега сме уште поповрзани, ќе имаме внуче, така што визитите сигурно ќе станат почести. Сега сме крвно поврзани, вистинско семејство./presscentar.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести