Апелациониот суд во Калифорнија ги обнови тужбите на Вејд Робсон и Џејмс Сејфчук против кралот на поп музиката Мајкл Џексон, за кој тврдат дека сексуално ги злоставувал со години додека биле момчиња.
Тричлената комисија на Вториот окружен апелационен суд во Калифорнија утврди дека понискиот суд не требало да ги отфрли тужбите, како и дека тврдењата на Робсон и Сејфчук дека двете корпорации во сопственост на Џексон имале одговорност да ги заштитат се основани, пренесуваат агенциите.
Тие детално ги опишаа своите наводи во документарниот филм на ХБО од 2019 година „Напуштање на Ниверленд“ (Leaving Neverland).
Робсон, сега 40-годишен кореограф, го запознал Мајкл Џексон кога имал пет години, а се појави во три спотови на Џексон. Во тужбата, тој навел дека Џексон го злоставувал во период од седум години.
Сејфчук изјавил дека имал девет години кога го запознал Џексон додека ја снимал рекламата за „Пепси“. Тој тврдеше дека пејачот често му се јавувал и го опсипувал со подароци пред да премине на сексуално злоставување.
Адвокатите на Џексон тврдат дека тој е невин и дека тужбите против него се мотивирани од пари.