30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Вечерва премиера на претставата „Подрум“

Најчитани вести

Во Театарот за деца и младинци вечер, со почеток во 20 часот, ќе се одржи премиерната изведба на младинската претстава „Подрум“, по текст и во режија на Драган Довлев.

– Идејата за оваа претстава е стара повеќе од 20 години и датира од времето на моето запознавање со т.н. куклен театар за возрасни. Уште тогаш знаев дека еден ден ќе поставам претстава чие дејствие ќе се одвива во театарски подрум, каде што се носат куклите од претставите што повеќе не се на репертоар. Колку и да ме фасцинираше идејата куклите да оживеат и да почнат да го коментираат она што се случува над нив, на сцената, требаше да помине подолг период идејата да созрее – појаснува Довлев.

Тој посочи дека уште пред година и пол почнал да го пишува текстот, кој по два неуспешни наслова го добил името „Подрум“.

-„Подрум“ не е само дефинирање на местото каде што се случува целото дејствие, туку и метафора за дното што почнавме да го допираме во театрите уште пред пандемијата. Подрум сфатен како темнина во која не може да се види излезот, како место во кое е неважно во кој агол си завршил – изјави Довлев.

Текстот, како што рече, не е само мој, во неговото дообликување и на мое инсистирање учествуваше поголемиот дел од екипата.

Покрај режијата и текстот, и изборот на музика е на Драган Довлев. Сценографијата е на Бранкица Јордановска и Кирил Василев, дизајнот и изработката на кукли е на Кирил Василев, костимографијата е на Љубица Велкова. Изработка на реквизити е на Бранкица Јордановска, дизајн на звук е на Ален Хаџи-Стефанов и плакат, видео-бим и фотографии се на Филип Кондовски.

Главниот лик насловен како Мистер В го толкува актерот Никола Наковски, улогите на Панкерот и Актерката ги толкува Матеа Јанковска, Пијаницата и Првиот сценски работник ги толкува Петар Стојанов, Хигиеничарката и Инспекторката – се доверени на Изабела Новотни и улогите на Вториот сценски работник,Чуварот, Актерот и Директорот ги толкува Бојан Кирковски.

Ова е втората самофинансирачка претстава на Театарот за деца и младинци, по претставата „Што е силеџија“.

Репризата на „Подрум“ е закажана за утревечер од 20 часот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести