14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Вечерва поетско читање „Јазикот е нашата татковина“

Најчитани вести

По повод 98 години од раѓањто на Блаже Конески вечерва во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи поетско читање насловено „Јазикот е нашата татковина”.

Во Друштвото на писателите на Македонија вечервa од 19 часот ќе се одржи поетско читање во чест на Блаже Конески (1921-1993), насловено „Јазикот е нашата татковина”.

Песни од Конески и свои песни ќе читаат: Зоран Анчевски, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Кристина Николовска, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо ќе се вклучи и Лидија Димковска.

Во Прилеп и Небрегово, родното место на Конески, вчера беа одбележани 98 години од неговото раѓање (19 декември 1921). Блаже Конески е еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик и книжевник – поет, прозаист, есеист, по кого е именуван и Филолошкиот факултет на Скопскиот универзитет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com