Изложбата на Рубенс Корубин во Националната галерија, во објектот Чифте амам, ќе биде отворена денес, на 8-ми октомври, со почеток во 20 часот.
На изложбата ќе бидат прикажани дела од Рубенс Корубин, настанати во последните неколку години.
Покрај новосоздадените, истовремено, на изложбата ќе бидат поставени и постари дела во сопственост на авторот, дел од неговата лична колекција, со што таа добива и ретроспективен карактер, правејќи пресек и на претходните фази во неговиот ликовен опус.
„Ателје, Радоста на сликањето“ е еден своевиден јубилеј со кој авторот одбележува седумдесет години живот и четириесет и пет години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград.