0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Вечерва во МКЦ ќе се отвори Скопски поетски фестивал

Најчитани вести

Во Младинскиот културен центар од вечерва во 19 часот до 3-ти септември ке се одржи првото издание на новооснованиот интернационален Скопски поетски фестивал.

На отворањето на фестивалот, на настанот наречен „Стихофренија“, ќе се чита народна поезија поезија,а читањето ќе биде поддржано со настап на дел од членовите на ВИС „Тркалезна маса“

Ќе биде отворена и ликовна изложба кој ќе опфаќа 16 ликовни уметници и графички дизајнери кои ќе се претстават со свои дела што се директно инспирирани или комуницираат со конкретна песна на секој од поетите што ќе настапат на фестивалот.

На вториот ден од фестивалот ќе бидат претставени поети од странство и македонската поетеса Лидија Димковска. Предвидено е и емитување на неколку куси поетски филмови.

За последниот ден е планирана работилница за креативно пишување, што ќе се одржи онлајн преку платформата „Зум“, во соработка со Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ – Скопје и Институтот за македонска литература. Работилницата ќе ја води Ким Симонсен од Универзитетот во Амстердам.

Поради актуелната состојба со ковид во државата, програмата ќе биде скратена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com