Ветинг – реалност или желба?

0

Приказот на процесот на судиска независност во Северна Македонија е акт на пробив низ јазловита проблемска низа на политички одлуки кои имаат директен упад во третата власт и настани кои ги променија симболичките перцепирања на правосудната независност на судството и обвинителството од страна на јавноста. Последните случувања околу тоа, јавноста ги перцепирашње како скандал, за повторно се актуелизираат идеите околу „ветинг“ на судии и јавни обвинители. Согласно извештаите на Европската комисија она што се чинеше готово и во преод на повисока фаза на остварување (судиската незавивност) – желбата, се претвори во фаза на темелно преиспитување на неговата работа (реалноста). Стигнавме до фаза што сакаме да ја отвориме пандорината кутија и дополнително да заглавиме во правната несигурност, задоцнување на правдата и сл. Меѓутоа тоа што може да се забележи дека експертската јавност укажува на решавање на проблемот со „небодобни“ правни практичари преку користење на веќе поставените алатки (Судскиот совет, обвинителскиот совет и Комисијата за спречување корупција), а додека пак поединечни политички субјекти (најчесто обвинети) во случаите на СЈО бараат ветинг врз судството, барање што само по себе е небулозно и нон сенс. Очигледно до крај не го разбрале процесот на поделба на власта.

Всушност што претставува ветинг? Во конкретна дефиниција ветинг значи правење на претпазлива и критична опсервација на определен субјект, односно утврдување на неговата подобност во системот. Ветингот во Албанија, на кој толку фамозно се повикуваат успеа да ја дозаглави земјата во перпетуална политичка и правосудна криза, да направи колапс на правосудните институции и да предизвика чувство на правна несигурност кај граѓаните. Постапувајќи по извештајот на Европската комисија, албанскиот Парлемент формира посебна комисија за судиска реформа со задача да подготви аналитички документ кој ги содржи клучните проблеми во правосудството, притоа акцентирајќи ја потребата од донесување на дополнителни законски решенија за целосно функционирање на правниот систем. Главната теза во документот упатува дека корупцијата е клуниот фактор што придонесува за намалување на ефективноста на правдата. Тргнувајќи од претпоставка на корупција во правосудството, парламентот усвои sui generis радикално решение, односно го донесе т.н. Закон за реевалуација на сите судии и јавни обвинители, односно „Закон за ветинг“ познат во јавноста, со една и единствена цел – да ја врати назад јавната доверба во правосудството. Меѓутоа тоа што сите забораваат е дека правото е жива материја, а не статична, независна од дадената теорија.

Согласно законот – ветингот во Албанија има тростолбна структура во која се испитуваат: Имотот на судијата/обвинителот, каде се оценува легитимноста на приход односно дали значителното зголемување на имотната состојба соодејствува со неговата плата; Позадина/минато(Background) се оценува неговите општествени врски и врски со лица со индиции за припадност од организиран криминал; Оцена на квалитетот и професионалноста, укажува на оценка на ефективноста во извшувањето на неговите должности со висока етичка и професионална свест согласно позитивни законски рееија во Албанија. Доколу судијата/обвинителот успешно ги помине сите три критериуми тогаш се прогласува за „проверен“ (vetted). Целата постапка притоа ја надгледува меѓународна комисија, а жалбите се упатуваа до посебно тело во рамки на Уставниот суд, кое е составено од 7 меѓународни судии. Во целиот тој процес, дадено е право на сите граѓани кои имаат сознанија за поединечен судија или обвинител да поднесат претставка до тие органи за да може наводите за коруптивни делувања да се проверат од комисијата за ветинг. Сето тоа звучи супер во теорија, но праксата покажува темна страна. Постои целосен застој во предметите и скоро во 76% од нив е повредено начелото на судење во размуен рок. Во кривичните предмети се соочуваат со можност за застарување на делото поради неефикасност на правдата, а задоцнета правда е неправда. Оставена е преширока дискрециона можност на граѓаните кои имале негативно искуство во предмет притив судија или обвинител да поднесат претставка против нив, а поденсуваат и тоа подразбира дополнително застанување на ефикасноста на правдата. Иако извештаите на Европската комисија за Албанија укажуваат на прогрес, тоа не се чувствува. Имено тоа е се сведено на политички наратив, отколку видливи резултати. Албанското правосудството ја отвори пандорината кутија, која сигурно нема да заврши во догледно време, а во меѓувреме се подлабоко ја втурнаа земјата во континуирана политичка и правосудна криза.

Кај нас, користењето реторика за реформа на судството, без зајакнување на етичките стандарди е неостварлива и има консеквенција на постојано слабеење на судството и на крај сигурно не може да се смета за позиција на отпочнување на реформата. Целосната реформа на судството се темели на базичниот принцип и парадоксот на развивање и имплементирање на Стратегијата за реформа на правосудството – изложување на кревката стабилност на судството кој е суштествено важен за решавање на меѓународните проблеми, исполнување на Поглавјето 23, како во екстензивна смисла меѓународно позиционирање на земјата. Тука не станува збор за ветинг, туку решавање на проблемот со алатките кои ги имаме. Конкретно потребно е зајакнување на улогата на Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, Државна комисија за превенција на корупција за да може да се направи постојана проверка без да се бара Sui Generis решение како ветинг. Меѓутоа за ова се потребни вистински чекори во насока на укажувањата на Венецијаската коисија и ГРЕКО, не само козметички измени на веќе проверени нефункционални решенија.

Меѓутоа, општо поставено, етиката е основен принцип на независноста на правосудството врз која се темели начелото на владеење на правото. За нејзината суштина битно е да се стави равенство меѓу висок морален и човечки интегритет на судијата/ обвинителот со независноста и неговото достоинство. Правна еднкавост подразбира дека еднаква мера на судиските морални и човекви квалитети со независноста од другите власти и јавноста – изразена преку внатрешни и надворешни притисоци и достоинство во вршењето на работата и пресудување во корист на правдата и правичноста. За да може етичките принципи на постапување на судијата да се олицетворат во неговото правораздавање потребно е постоење на независен и непристрасен суд.

Етичките принципи ги отелотворуваат уставните и законските обврски на судиите и обвинителите и ги опишуваат начините на кои тие мора да се менаџираат. Покрај тоа принципите ги поставуваат стандардите за професионална активност за судиите и ги опишуваат главните карактеристики на професионален судија – каков треба да биде. Од друга страна, за да има постапка на ветинг потребно е да се има здрава политичка култура, со силно изразена европска агенда на сите политички субјекти, без инфантилни политички изјави за задоволување на националните и ниски страсти. Недопустливо е повикување на ветинг од страна на политичка партија – тоа укажува дека или партијата има проблем со казнената правда, или има инклинации на контрола врз судската власт. Меѓутоа една премиса е сигурна – во сегашната атмосфера не е препорачлив ветинг во правосудството и секако оваа бледа драматична верзија на Макбет- мора еднаш за засекогаш да ја оставиме зад нас доколку сакаме европска епрспектива.

М-р Андреј Божиновски – Правен советник