12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Ветинг во Албанија: 139 судии и обвинители разрешени поради вмешаност во криминал

Најчитани вести

Во Албанија за две и пол години од кога почна процесот, досега со ветингот, односно проверка на потеклото на имотот и вмешаност во криминални активности, што го спроведува независна комисија за квалификација, биле опфатени 390 судии и обвинители.

– Од нив 165 судии и обвинители останале и понатаму да работат откако го оправдале потеклото на сопствениот имот, а 139 не успеале во тоа и се разрешени. Процесот е прекинат за 53 а за останатите е ставен во мирување. Во исто време најмалку 60 сами поднеле оставки, одбивајќи да се соочат со независната комисија за квалификација, пренесува државната агенција АТА.

Ветингот започна кон крајот на 2017 година, како дел од правосудната реформа во земјата со помош на експерти од САД и ЕУ за чистење на правосудниот систем од корумпирани. Се заснова на три клучни критериуми имотот, чистота на личноста и професионалноста.

Поради овој процес во Албанија се чувствува недостиг на судии и обвинители, а повеќе од две години земјата беше и без Уставен и Врховен суд, кои се уште целосно не се пополнети со судии. Уставнот суд од девет члена колку што брои, дури седум не можеле да го оправдаат имотот, меѓу нив е и претседателот на судот Башким Дедја.

Тој не можел да го оправда, со своите приходи, поседувањето на два стана – едниот од 98 а другиот од 146 метри квадратни, а за еден на морското крајрежје кажал дека го најмил за одмор но комисијата утврдила дека сметката за електрична енергија е на негово име.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com