4 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

Ветеранот Гарсија го реши Реал, Атлетик Билбао ги елиминира „кралевите“ во Суперкупот

Најчитани вести

Атлетик Билбао приреди изненадување и го елиминира Реал Мадрид од полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, со победа од 1-2 (0-2). Искусниот Раул Гарсија беше стрелец на двата голови за гостите од Баскија, а и покрај многуте шанси, „кралевите“ само еднаш ја затресоа противничката мрежа преку Бензема.

По изедначениот старт од мечот, со тактичко надмудрување и игра главно по средината, Баскијците поведоа преку Раул Гарсија. Ветеранот доби проигрување во шеснесетникот, ја смири топката и биеше во долниот десен агол за огромна радост во 18. минута за 0-1. Асенсио можеше бргу да израмни, но биеше непрецизно крај голот.

https://hofoot.elhighlights.com/embed/J2pL4BSAsl7w3?autoplay=1&htmlplayer=1

Лукас Васкез беше невнимателен и повлече противник за дрес, па судијата Мартинез Мунуера досуди пенал. Одговорноста пак ја презеде Раул Гарсија и го испрати Куртоа во едната, а топката во спротивната страна на голот за удвојување на предноста во 38. минута (0-2). До паузата се одигра мирно без возбудувања, а Реал во шок замина во соблекувалната.

Иако вториот дел тргна со шанса на Муниаин, Реал Мадрид веднаш ја презеде контролата на играта и тргна да притиска и напаѓа. Асенсио имаше три шанси, еднаш биеше над, а вториот и третиот пат ја затресе пречката од голот на Унаи Симон. Атлетик Билбао успешно се бранеше, но одбраната сепак капитулира пред финишот.

Карим Бензема конечно го скрши отпорот на ривалот, па по центаршут од Касемиро стрелаше за 1-2. Иако во прв момент судијата покажа офсајд, по преглед на снимките беше потврдено дека голот е регуларен. Французинот успеа уште еднаш да ја затресе мрежата, но овој пат навистина имаше офсајд. На крајот шанса пропушти и Серхио Рамос. Во последните секунди се случи драма кога Реал бараше пенал, судијата ја прегледуваше снимката, ама одлучи дека нема елементи за најстрога казна.

Атлетик Билбао во финалниот меч ќе се пресмета со Барселона, која по изведување на пенали го елиминира Реал Сосиедад.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести