Home » Вест Хем се засили со стопер кој Венгер го купи во Арсенал

Вест Хем се засили со стопер кој Венгер го купи во Арсенал

by Lina Muslija

Тимот на Вест Хем беше блиску да се засили со Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед, но откако англискиот репрезентативец не ја реши ситуацијата со „црвените ѓаволИ“ се насочи кон нова мета.

Нов стопер на „чеканите“ е 25-годишниот Константинос Мавропанос кој во Лондон пристигнува од Штутгарт каде што ја помина последната сезона. Станува збор за фудбалер кој Арсен Венгер уште во 2018. година го доведе Арсенал од грчкиот Пас Јанина.

Меѓутоа откако не се пронајде во Арсенал се пресели во Германија каде што играше за Нирнеберг, па Штутгарт каде што играше во најдобра форма и стана стандарден репрезентавиец на Грција. Дресот на Арсенал го носеше на седум натпревар.

Вест Хем за трансферот на Мавропанос ќе плати 20 милиони евра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk