Home » Вест Хем од 116-те милиони добиени за Рајс гради моќен тим

Вест Хем од 116-те милиони добиени за Рајс гради моќен тим

by Lina Muslija

Освојувачот на Конференциската лига, лондонски Вест Хем Јунајтед почнува да го троши парите собраниод рекордниот трансфер на Даклан Рајс во Арсенал. Откако ги договори трансферите на Хари Мегваер и Џејмс Ворд-Проус, Вест Хем донесе уште едно големо засилување.

„Чеканите“ го претставија мексиканскиот играч за врска – Едсон Алварез. Репрезентативецот на Мексико пристигнува од Ајакс, каде ги мина претходните четири сезони, а трансферот е вреден 38 милиони евра.

Станува збор за 26-годишен фудбалер кој може да покрие неколку дефанзивно ориентирани позиции, а знае да игра и како стопер. За репрезентацијата на Мексико одигра 68 натпревари.

Во Ајакс дојде од Клуб Америка за петнаесет милиони евра, а остави длабока трага во Амстердам.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More