20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Веста дека Алиоски ќе оди во Галатасарај ги налути фановите на Лидс, тие вандализираа графит на кој го има неговото име

Најчитани вести

За навивачите на Лидс, Галатасарај е посебно омразен клуб откако во 2000 година во голем инцидент во Истанбул двајца фанови на англискиот тим беа избодени до смрт.

„Фудбал инсајдер“ синоќа објави дека Алиоски се договорил со Галатасарај, а тоа посебно ги налути навивачите на Лидс.

Во 2000 година, фановите на Лидс, Кевин Спеит и Кристофеј Лофтус беа избодени до смрт од навивачи на Галатасарај. Тогаш Лидс му гостуваше на турскиот клуб во полуфинале од УЕФА купот.

Иако поминаа 21 година оттогаш, навивачите на Лидс не го забораваат тој инцидент, па веста дека Алиоски ќе се пресели токму во Галатасарај посебно ги налути.

На графит со името на Алиоски во Лидс, навивачите синоќа напишаа „Умри ФК Галатасарај“.

Олеснителна околност за Алиоски е што натпреварите оваа сезона се играат без публика, па нема директно да го почувствува гневот од фановите.

Алиоски не е прв фудбалер кој од Лидс заминал во Галатасарај по тој страшен инцидент. Претходно тоа го направи Хари Кјуел кој по трансферот во турскиот клуб стана омразена личност за фановите на Лидс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести