Кога ќе ги видите на плажа, ќе останете без здив. Музичко-брачната денс-двојка ова лето изнајми луксузен апартман во Будва, кој ја чини околу 30 илјади евра. Тоа им овозможува да се чувствуваат како да се дома. Навечер пеат, а прекуден се на море, на друга плажа. Весна претпочита да оди на популарната Словенска плажа во Будва, а Ѓоле – на блиското островче Хаваи. За својот совршен физички изглед, имаат објаснување
Балканската музичко-брачна денс-двојка Ѓоле Ѓогани и Весна Ѓогани и овој пат, додека летува на Јадранското Приморје, никого не остава без зборови. Напротив. Луѓето секојдневно ги гледаат на плажите, а мажите, по стариот добар обичај, гледајќи во извајаното тело на Весна, не го спуштаат својот поглед ниту на минута. Ситуацијата станува жешка дури дотаму што нивните сопруги и девојки им забележуваат дека „ќе им испаднат очите“.
Оваа мошне интересна двојка веќе неколку децении креира интересна денс-музика на овие балкански простори, а особено во Србија. Се стекнаа со армија обожаватели, постојано имаат настапи, концерти, пеат на забави, прослави, журки… и, секако, одлично заработуваат. Толку добро што парите им овозможуваат комотно да живеат.
–
Па така, за цело ова лето изнајмија луксузен апартман во Будва, кој ги чини околу 30 илјади евра. Тоа им овозможува да се чувствуваат како да се дома. Прекуден се на море, секогаш на друга плажа. Весна претпочита да оди на популарната Словенска плажа во Будва, додека Ѓоле на блиското островче Хаваи, каде што има и нудистичка плажа. Навечер имаат настапи во живо, за многумина незаборавни, за кои не може да се најде слободно столче во публиката.
Но, кога ќе ги видите двајцата прекуден, под жешкото сонце, во брановите на морето, секако во костими за капење, не може а да се не се изначудите и да се прашате: „Што прават овие луѓе на тие пристојни години штом така одлично физички изгледаат?“ И навистина е за чудење. Бидејќи Весна има 45, а Ѓоле 64 години.
–
Весна вака го објаснува тоа:
– Нема да ми верувате, но јас не пијам ништо газирано, ниту газирана вода, сè поради гласот. Јадам грицки и разни слични ситнурии што се за јадење како, на пример, јаткасти плодови: бадеми, лешници, ф`стаци, индиски ореви… Многу ретко јадам месо. Кога ќе видам дека сум претерала со јадењето, веднаш прекинувам со некои продукти. Во овие жешки денови, немам апетит и најмногу сакам да се разладувам и да се освежувам со природни овошни сокови. Мора да бидат ладни, да се без вештачки додатоци како што е шеќерот.
Ѓоле има малку поинаков одговор на истото прашање:
– Активно се занимавам со јога, таа е спој на физичкото и на духовното, што само по себе дава најдобри резултати. Се гледа тоа од моето цврсто затегнато тело. Не дека се фалам, но многу момчиња можат да ми позавидат. Имам толку години така што морам да внимавам на сè. Живеам здраво, не пушам, не пијам алкохол, рано си легнувам. Никогаш не останувам по настап со часови да се шегувам со друштвото. Ги напуштам. –
Не сакам да си ги трошам зборовите за млатење празна слама. Добриот сон е повеќе од добро здравје, а јас го сакам тоа. Мора да има одредено откажување за да изгледам фит. Живеам спортски. Бидејќи сум на море цело лето, активно пливам секој ден по неколку километри. И самите знаете што значи тоа за организмот, за кожата, која не само што ми е потемнета туку е и затегната поради морската сол.
Не знам колку луѓе знаат, но јас бев атлетичар, подоцна започнав со танцот. Тоа константно тренирање и кореографиите, исто така, влијаат за мојот добар изглед. Свесен сум дека кога ќе се соблечам на плажа, интересен сум им на жените, девојките, на моите обожавателки. Но, тоа сум јас, сакам добро да изгледам. Важно ми е тоа и поради природата на мојата работа на естрадата.