19 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Верувале или не, ова е Деми Мур: Што се случи со лицето на славната убавица?

Најчитани вести

Познатата актерка се прошета по модната писта во Париз, а сите велат дека променила нешто на лицето

Американската актерка Деми Мур (58) беше една од моделите на шоуто „Fendi“ во Париз, а обожавателите велат дека по тој повод изгледала навистина непрепознатливо.

Имено, убавата актерка пристигна во Франција пред неколку дена во друштво на својата ќерка Скаут Вилис да ја проследи модната недела во Париз, а се прошета на една од ревиите.

Деми носеше црна сатенска блуза и долги панталони што јасно ја оцртуваа нејзината витка фигура на модната писта. Комбинацијата на облека го нагласи и нејзиното деколте, но нешто не беше во ред со нејзиното лице, велат фановите.

После ревијата, повеќе се зборува за нејзиното лице отколку за нејзините вештини за моделинг, бидејќи многумина дури и не препознаваа која е таа, па веднаш почнаа да шепотат дека направила пластична операција.

Нејзините јаготки на лицето изгледаат сосема поинаку од вообичаеното, а многумина велат дека не веруваат дека тоа е резултат на лоша шминка, туку пластична хирургија. Исто така, брадата изгледа многу поголема и поширока од вообичаеното.

„Да не го видев насловот, немаше да ја препознаев Деми“, „Нејзиното лице не изгледа нормално, не знам дали е шминка или пластична хирургија“, „Деми беше на пластична хирургија“, „ Беше толку убава, а сега целосно се промени “, се само дел од коментарите на Twitter.

Ова не е првпат 58-годишната Деми да се испроба во моделингот. Таа неодамна учествуваше во ревијата на Ријана „Savage x Fenty“.

Освен Деми Мур, овој пат на ревијата „ Fendi “ се појави и Кејт Мос, како и манекенката Кара Делевињ, а сите зборуваат дека лицето на Кејт буквално „се распаѓа“. Погледнете ги фотографиите од ревијата во галеријата во текстот и проценете што се случи со лицата на славните убавици.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести