14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Вермален разочаран од форматот: Ова Европско првенство не е праведно!

Најчитани вести

Томас Вермален како искусен 35-годишен стопер е дел од белгиската експедиција и играше цел натпревар против Финска, победа по која „црвените ѓаволи“ дознаа дека од Санкт Петербург се селат во Севилја.

Белгија се уште не знае против кого ќе игра во оваа осминафинална рунда и неизвесноста прави дополнителна нервоза кај сите репрезентации, бидејќи со новиот формат и четирите трето најдобро пласирани екипи треба да се комплетира цел осминафинален костур.

Искусниот дефанзивец јавно проговори дека воопшто не е импресиониран од ова Европско првенство и покрај трите стартни победи на Белгија, од едноставна причина што смета дека одредени селекции се привилегирани што можат да играат на домашен терен.

– Овој формат на Европското првенство е неправеден. Има селекции кои ги играат трите меча во група на домашен терен, а останати мора да шетаат од место во место, од град во град.Содржината продолжува после огласот

– Не ми се допаѓа турнирот со толку многу домаќини, сите овие летови не се добри за телото на еден фудбалер, уште повеќе кога станува збор за волку краток турнир. Сепак, нема да се жалиме, мора само да ги прифатиме фактите и да продолжиме најдобро што можеме, – изјави Вермален.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести