4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Веран: На Франција и се заканува четврти бран од пандемијата со Ковид-19

Најчитани вести

Францускиот министер за здравство, Оливие Веран, апелираше до Французите да примат вакцина против коронавирусот во што е можно поголем број и предупреди дека државата може да се соочи со нов, четврти бран на пандемија до крајот на месецот, поради позаразниот сој – Делта.

Веран на Твитер објави дека стапката на инфекција не опаднала во изминатите пет дена, туку повторно се зголемува поради Делта сојот на коронавирусот.

„Примерот на Велика Британија покажува дека четвртиот бран е можен од крајот на јули“, објави Веран идодаде дека вакцинацијата во Франција мора да се спроведе побрзо.

„Нашата држава е во трка со времето“, предупреди тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com