1 C
Skopje
Monday, March 8, 2021

Венчавката за која сите зборуваат – Филмска акција: Невестата избегала една минута пред церемонијата, а потоа интервенирала полицијата!

Најчитани вести

Тешко е да се поверува дека приказната е вистинита, но тоа навистина се случи.

Деновиве шведските медиуми зујат за венчавката во Индија, која од семејна прослава се претвори во вистинска филмска акција. Драма, пресврти, паузи, неверство, па дури и полицијата интервенираше!

Свадбените веселби добија бизарен тек кога невестата, непосредно пред да застане пред нејзиниот иден сопруг (26), реши да побегне со својот долгогодишен љубовник. Некој би рекол дека само по себе е доволно. Но, тоа не е се…

Следува уште еден пресврт! Откако нивната ќерка избегала, семејството на невестата ја понудило нејзината малолетна помлада сестра на младоженецот, со цел да го спаси образот и да го одобри напуштениот несреќен човек. Бидејќи свадбата веќе била платена, тој не создал проблем, па се оженил со 15-годишно девојче.

Она за што не размислувале семејството и младоженецот на невестата е законот. Имено, браковите со малолетници се забранети во Индија. После церемонијата младоженецот ја однел 15-годишната невеста дома, а потоа во 4 часот наутро некој му тропнал на вратата…

Полицијата одговорила на анонимниот повик и по итна постапка ги одвела младенците кај своите родители. Не е познато дали бракот бил извршен, но се подготвува тужба против родителите на невестата и младоженецот…

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести