Вентура: Поради тој не успех паднаа во вода моите 33 години кариера

0
2

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Италија, Џампиеро Вентура е свесен дека неуспехот во квалификациите за Светското првенство во 2018 година ќе го следи додека е жив.

Италијаните тогаш доживеаа историски дебакл, а за тоа заслужна е шведска која ги елиминираше во двомечот од баражот.

Вентура веќе има 71 година, но не сака да оди во пензија и ја прифати понудата од второлигашот Салернитана.

„Можеби погрешив што ја превземав репрезентацијата. Тој не успех беше доволен за луѓето да заборават се што направив во претходните 33 години кариера. Сега сакам сето тоа да го вратам“, изјави Вентура на претставувањето во новиот клуб.

Вентура во главно во кариерата работеше во просечни италијански клубови и кубови кои се борат за опстанок и нема водено клуб надвор од Италија.