17.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Венгер се враќа во фудбалот, но ќе биде селектор!

Најчитани вести

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, се уште не нашол нова работа по заминувањето од својот поранешен клуб.

Сепак, како што пренесуваат англиските медиуми, тој не ја отфрлува можноста да води некоја репрезентација на Светското првенство во Катар кое ќе се одржи во 2022. година.

„Можам да се видам себе си како работам за некој тим. Би имал доволно време во однос на последната работа и не би имал ништо против тоа. Отсекогаш сум сакал да бидам дел од Светското првенство, бидејќи таму се најдобрите фудбалери“, изјави Венгер и додаде:

„Се надевам дека ќе ме видите во Катар на Светското пренство. Сакам да го искусам тој адреналин кој го носи натпреварувањето“, заклучи Венгер.

Венгер го напушти Арсенал, па потоа работеше како стручен коментатор на неколку познати британски ТВ куќи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести