5 C
Skopje
Saturday, March 6, 2021

Венгер му беше најголем ривал на Фергусон сега сака да биде тренер на Манчестер јунајтед!

Најчитани вести

Изненадувачка изјава од Арсен Венгер која ги разочара фановите на Арсенал, тој не би имал проблем да седне на клупата на Манчестер јунајтед.

Столчето на Оле Гунар Солшер сериозно се тресе, па веќе почнаа шпекулациите околу неговиот наследник.

Во изјава за „Фокс Спортс Азија“, Арсен Венгер изјави дека секој сонува за работа во Манчестер јунајтед, па и тој.

„Манчестер јунајтед е работа од соништата за секој тренер. Имам самодоверба, имам храброст… и во право сте, имам идеи“, изјави Венгер.

„Според мене на Манчестер јунајтед му требаат четворица нови фудбалери во првиот тим. Но и со тие кои ги има можат да се борат. Не се толку далеку колку што луѓето мислат“.

Изгледа незамисливо најголемиот ривал на Сер Алекс Фергусон да седне на неговото столче. Сигурно ќе ги разочара фановите на Арсенал.

Како можен наследник на Оле Гунар Солскјер се споменува и Масимо Алегри.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести