7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Велосипедист удрил во малолетен пешак во Прилеп и побегнал

Најчитани вести

Возач на велосипед во Прилеп удрил во малолетен пешак и побегнал, соопшти полицијата.

Вчера во 12:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. Диме Димески во Прилеп, велосипед управуван од засега непознат возач удрил во малолетен пешак од Прилеп, по што го напуштил местотото на настанот.

Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com