Велосипедистка на 71 година ја совладала “Патеката на смртта”

0

Велосипедската патека во Боливија позната како “Патека на смртта” е необичен избор за 71-годишна баба, но Мирта Муњоз покажала дека годините не се пречка за ништо.

Станува збор за една од најопасните патеки на светот со многу остри свиоци кои се креваат “до облаците”, до речиси 3.350 метри. 

Велосипедистите тргнуваат од џунглата во низинскиот дел на патеката и продолжуваат до врвовите покриени со снег на Андите.

На патот најчесто ги следат магла, дожд, свлечишта и стрмни карпи. Не треба да се заборави ни тоа дека патеката досега однела илјадници човечки животи.

Но, за 70-годишната Боливијка Мирта Муњоз, најстарата натпреварувачка на велосипедската патека “Skyrace”, долга 60 километри, тоа било природно продолжение за занимавањето со хобито со кое се заразила пред многу години.

Муњоз со велосипедизам почнала да се занимава по изненадната смрт на својот син и по совет на членовите на семејството и еден пријател психолог.

“Ми кажа дека возењето со велосипед ќе ми помогне да ја надминам болката и да продолжам колку-толку нормално да живеам”, рекла таа.

Саботната трка е нејзиниот крунски успех.

“Вертикална нагорнина, постојано возиш нагоре и без одмор”, рекла за агенцијата “Reuters” по завршувањето на трката.

Бабата Муњоз вели дека уште повеќе ужива во возење со велосипед на рамно со своите шест внуци, а се надева и дека најстариот меѓу нив, кој наскоро ќе наполни 18 години, ќе трне по нејзиниот пат./tocka.com.mk/