Home » Велосипедистите прашуваат „Колку жртви се доволно?“ за надлежните да стават крај на дивеењето по улиците

Велосипедистите прашуваат „Колку жртви се доволно?“ за надлежните да стават крај на дивеењето по улиците

by Журнал.мк

Од „На точак“ информираат дека, утре велосипедистите ќе започнат да возат во 17.30 а стартната точка ќе им биде Плоштадот Македонија.

Урбаните велосипедисти утре ќе ја возат својата „Критична маса број 89“ со која прашуваат „Колку жртви се доволно?“ за надлежните еднаш за секогаш да стават крај на дивеењето по улиците.

Ја возиме 89-тата Критична маса. Овој пат со фокус на безбедноста во сообраќајот, улиците по кои секој ден возиме и ризиците за ранливите групи на учесници во сообраќајот. Возиме низ населби низ кои не сме возеле подолго време, а кој што изгледа и самите градоначалници ги имаат заборавено – велат од „На точак“.

Велосипедистите ќе започнат да возат во 17.30 а стартната точка ќе им биде Плоштадот Македонија.

-Бараме да прават безбедни улици, кои канат пешаци и велосипедисти, а одвраќаат коли и брзо возење. Бараме казнување на прекршувачите на законите и градоначалници кои ќе изведуваат градови за луѓе, не градови за коли – децидни се од „На точак“.

[дизајн: Теано Кардула] Улиците треба да се место за витален градски живот, не за траор, не за смрт! Тие треба во…

Posted by НаТочак – NaTochak on Monday, February 21, 2022

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More