27.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Величествената опера „Аида“ од Верди на отворено под ѕвездите

Најчитани вести

Во изведба на солисти, хорот и оркестарот на Националната опера и балет вечер на плоштадот „Мајка Тереза“ на платото пред Националната опера и балет, ќе биде изведена операта „АИДА“ од Џузепе Верди, на отворено под ѕвездите, под диригенттство на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев.

Како што соопшруваат од МОБ, ремек делото „Аида“ е една од највеличествените оперски творби во музичката литература. Во музичка смисла „Аида“, според музиколозите е музичко чудо составено од мелодиска убавина и имагинативна оркестрација, накратко триумф на творечката имагинација.

-Овој пат, заради состојбата со пандемијата и пропратните протоколи, грандиозната „Аида“ е конципирана во поинакво руво, во скратена концертна верзија, со мошне внимателен избор на оркестарски и солистички фрагменти, притоа не нарушувајќи ја главната нитка на содршжинскиот набој, наведуваат од МОБ.

Настапуваат солистите Благица Поп Томова, Зоран Сотиров, Даниела Дјакова од Бугарија, Игор Дурловски, Владимир Саздовски, Марјан Јованоски, Александра Лазаревска Василевски, хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Концерт-мајстор е Верица Ламбевска, одговорен за светло дизајнот e Милчо Александров. Хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Во случај на лоши временски услови, како што наведуваат, можна е промена на датумот на одржување на претставата. Билетите се во строго ограничен број на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн на operabalet.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести