Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија до 31 јануари следната година. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во изјава за Би-би-си вели дека верува оти брегзит ќе се случи на крајот на последното продолжување на излегувањето на Велика Британија од Унијата.
Тој смета дека брегзит е предолга приказна што треба да заврши и посетува на фактот дека слични преговори со Канада „траеја со години“.