37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Велика Британија прекина со продажбата на ARM чипови на Nvidia

Најчитани вести

Британската Влада ја запре продажбата на домашниот проектант на ARM чипови на американската групација Nvidia, со цел да ги испита можните последици по националната безбедност.

Министерот за дигитален сектор, култура, медиуми и спорт, Оливер Дауден, изјави дека го известил сопственикот на ARM, јапонскиот финансиски конгломерат Софтбанк, за прекин на трансакцијата.

– Во следниот чекор, за да добиете релевантни информации, независен орган за конкуренција во Велика Британија ќе подготви извештај за импликациите на трансакцијата, што ќе помогне да се донесат натамошни одлуки, нагласи Дауден.

ARM е главен играч во глобалниот сектор на полупроводници, клучен за голем број технологии, од вештачка интелигенција и квантно сметање до 5Г телекомуникациски мрежи. Чиповите засновани на неговите дизајни се вградени во речиси сите паметни телефони и милиони други уреди.

Полупроводниците исто така ја „носат“ клучната британска инфраструктура и се составен дел од технологијата поврзана со воени и национални безбедносни прашања, соопшти Владата, додавајќи дека и службениците за национална безбедност биле вклучени во одлуката за интервенција.

Регулаторот на конкуренцијата и пазарите (ЦМА) ќе ги анализира прашањата на конкуренцијата, надлежноста и влијанието на договорот за национална безбедност, а извештајот ќе биде завршен до 30 јули, соопшти бротанската Влада.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести