27.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Велика Британија планира да ги укине сите рестрикции до 21 јуни

Најчитани вести

Велика Британија до 21 јуни планира да ги укине сите рестриктивни мерки, објави вечерва премиерот Борис Џонсон, додека земјата забрзано ја спроведува имунизацијата против ковид-19.

Планот на Џонсон предвидува постепено олеснување на мерките, почнувајќи од 8 март, кога повторно ќе бидат отворени училиштата. Од 29 март ќе бидат дозволени собири на шест луѓе од различни домаќинства и ќе продолжат сите спортски активности на отворено.

Продавниците, фризерските салони, теретаните и некои јавни установи се отвораат на 12 април, како и зоолошките градини и тематските паркови.

Третата фаза од отворањето почнува на 17 мај, кога ќе бидат укинати повеќето ограничувања кои се однесуваат на социјални контакти и повторно ќе се отворат кината, музеите и хотелите со почитување на социјална дистанца. На стадионите ќе бидат дозволени 10.000 гледачи.

Џонсон се надева дека сите рестрикции ќе бидат укинати до 21 јуни, кога повторно ќе се отворат и последните затворени гранки на економијата, како ноќни клубови.

Околу 17 милиони Британци досега ја имаат примено првата доза од вакцината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести