15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Велат дека смоквата е најлековитото овошје на светот: Секое утро јадете по една на празен стомак, а еве и зошто

Најчитани вести

Смоквата со причина ја нарекуваат „рајското овошје на Медитеранот“. Нејзините лековити делови се плодот, млечниот сок, листот и кората на дрвото.

Сувата верзија на смоквата се смета за суперхрана која нѝ е достапна во текот на целата година, но тешко може да се надминат сочните плодови кои на нашите простори се одгледуваат веќе илјадници години.

Сировите смокви содржат до 80 отсто вода, а со оглед на тоа што во нутриционистичка смисла смоквата дава енергија, најдобро е таа да се јаде наутро.

Еве за што сè е добар овој плод:

Го намалува крвниот притисок

Смоквите се одличен извор на калиум кој помага во намалување и регулација на крвниот притисок. Калиумот е слабо достапен во храната, а неопходен нѝ е за правилно функционирање на организмот. Голем број луѓе страдаат од недостиг на калиум поради зголемената консумација на сол.

Помага при слабеење

Смоквата е добар извор на прехранбени влакна кои ја подобруваат дигестијата и подолго даваат чувство на ситост, па така помага и при губење на вишокот килограми. Смоквата во својот состав содржи поголема количина на растворливи и нерастворливи влакна од останатото овошје. Растворливите влакна влијаат и на намалување на холестеролот во крвта. Во 100 грама смокви се наоѓаат само 74 калории.

Го намалува шеќерот во крвта

Листовите од смоква кои можат да се користат како чај или за подготовка на разни јадења, го намалуваат шеќерот во крвта. Некои истражувања покажуваат дека смоквата помага во регулирањето на шеќерот кај луѓето кои страдаат од дијабетес тип 1.

Помага во подобрување на расположението

Смоквите содржат голема количина на витамини од групата Б кои на нашето тело му даваат енергија, обезбедуваат еластичност на кожата и силни мускули. Уште една придобивка од витамините Б комплекс е што ја подобруваат работата на мозокот и со самото тоа и концентрацијата и помнењето и го подобруваат целото наше расположение. Ако несоницата и ПМС-от се причината за вашето незадоволство, смоквата може да ви помогне во тоа поради големата содржина на магнезиум.

Содржи богатство од витамини и минерали

Високата концентрација на глукоза и фруктоза претставува здрава замена за белиот индустриски шеќер. Смоквата содржи многу железо, фосфор, калциум, калиум, магнезиум, витамини Б6, Е, Ц и витамин А. Богата е и со бета-каротен, па препорачливо е да јадете смокви неколку дена пред подолго изложување на сонце. Содржи голем удел на вода и природни шеќери, па затоа е корисна за закрепнување од исцрпеност и за детоксикација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести