Гугл отстрани две апликации за Android од својата продавница на Google Play затоа што тие правеле пари за своите креатори со поп-ап реклами кои излегувале во позадина.
Најлошо од сè е што тие се преземени над 1,5 милиони пати.
Иако ова може да изгледа безопасно за некои, објавувајќи реклами без знаење на сопственикот на телефонот, апликациите заземале вредни ресурси на смартфонот и ја цедиле батеријата побрзо.
Станува збор за апликациите наречени Sun Pro Beauty Beauty Camera (преземени над милион пати) и Funny Sweet Beauty Selfie Camera (преземена над половина милион пати).
Ако имате инсталирано некоја од овие две апликации на вашиот Android телефон, треба веднаш да ги деинсталирате.
Како што е случај со малициозни апликации, кога ќе ги инсталирате, нивната икона исчезнува од вашиот телефон и се појавува кратенка. Дури и кога ќе ја избришете оваа кратенка, апликацијата продолжува да работи со реклами во позадина, дури и кога не е отворена.