Home » Вајт со звукот на сирената се избори за мајсторка за Бостон (ВИДЕО)

Вајт со звукот на сирената се избори за мајсторка за Бостон (ВИДЕО)

by Lina Muslija

Бостон успеа да ја израмни финалната серија на Истокот против Мајами на 3-3 иако губеше со 0-3. Сега ја игра мајсторката на свој терен за пласман во големото финале.

Селтикс дојдоа до драматична победа од 104-103 на гостувањето кај Мајами благодарение на поените на Дерик Вајт буквално со звукот на сирената. Џејсон Тејтум со 31 поен и 12 скока ги водеше гостите, Џејлен Браун имаше 26, додека Маркус Смарт заврши со 21 поен. Кај Мајами, Џими Батлер имаше 24 поени со 11 скока, а Кејлеб Мартин запиша 21 поен и 15 скока.

Бостон мајсторката, односно седмиот решавачки натпревар го игра на домашен паркет во вторник во 2:30 часот. Интересно е тоа што Селтикс со победа можат да испишат нова историја во НБА-лигата, бидејќи ќе бидат првиот тим, кој минал во следната рунда иако ја почнал серијата со негатива од 0-3. Сите 150 тимови кои претходно воделе се до 3-0 во историјата на НБА успеале да минат понатаму.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk