Ирскиот борец Конор Мекгрегор последната борба ја имаше во 2021 година кога ја скрши ногата против Дастин Порие, а се очекуваше во рингот да се врати до крајот на оваа година.
Директорот Дана Вајт најави дека Мекгрегор може да се врати најрано во 2024 година.
„Мекгрегор се врати во теретана и тренира. Сакам да го видам следната година во рингот. Човекот се менува со многу пари, а некои борци се борат помалку кога имаат богатство. Таков е Конор“, изјави Вајт.