7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Ваучери за плаќање сметки за струја и за купување на прехранбени производи, предлог мерки за граѓаните

Најчитани вести

Нема конкретна помош за граѓаните и фирмите. Владата вчера само ги слушна предлозите на експертите и барањата на бизнисот како полесно да се преброди кризниот период.

Академикот и професор Таки Фити предлага таргетирани мерки, како една од можните решенија со кои би се ублажил ценовниот удар.

-Да им се дадат на пензионери и лица со ниски примања ваучери за плаќање сметки за струја, но и ваучери за купување на основни прехранбени производи. Цената на електричната енергија во оваа криза релативно малку се намали кај нас, но има семејства кои се засегнати со енергетска сиромаштија, можеби таа листа треба да се прошири. Исто така сум за таа мерка, бидејќи цените на основните прехранбени производи прилично се зголеми – да има ваучери за најранливите групи, истакна Фити.

Негово мислење е дека оваа е тешка криза и цел свет се соочува.

-Ние на еден или друг начин гасиме пожар. Постои опасност во светски размери од појава на стагфлација. Оваа година ние нема да влеземе во таков тип на рецесија, но ќе видиме за наредната година, вели Фити после завршувањето на Економскиот совет кој се одржа во Владата.

ССМ бара вредносни картички за купување домашни производи и плаќање на сметките за струја

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат и национален социјален партнер кој будно ги следи и анализира економските состојби во државата смета дека поради здравствената , енергетската и воената криза е потребно интезивирање на социјалниот дијалог во рамките на постоечките институции со цел отворен разговор и изнаогање на решенија за сите отворени прашања со цел ублажување на последиците од овие кризи особено за најранливите категории на работници и граѓани.

После денешниот Економско-социјалниот совет одржан во Владата, со цел на преживување во време на кризата, првиот синдикалец Дарко Димовски истакна дека:

1.ССМ бара платите во државата да го следат порастот на инфлацијата но и порастот на синдикалната кошница која ја изработува ССМ.

2.ССМ бара доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата како и утврдување на ваква одредба во општиот колективен договор за јавен сектор и општиот колективн договор за приватен сектор која ќе с еоднесува за сите работници и работодавачи

3.ССМ бара проширување на досегашни анти кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти како и проширување на повеќе прехрамбени продукти.

4.ССМ бара да се воведе повторно мерката за право на платежна картичка за купување домашни производи и плаќање на сметките за електричната енергија за одредена категорија на работници и граѓани кои се најзагрозени и најпогодени од економската криза односно бараме да се поделат вредносни картички за купување храна и плаќање на сметките за електрична енергија на одредена категорија на семејства, особено на оние чиј вкупен приход е во износ под просечна плата (31.812,00 денари) во едно четиричлено семејство во висина до разликата од синдикалната минимална кошница (48.230,00 денари). Исто така бараме да бидат опфатени и категориите на средношколци и студенти кои се школуваат надвор од местото на живеење со субвенционирање на дел од трошоците од нивното сместување.

5.ССМ бара да се овозможи бесплатен градски превоз до и од работа со оглед на тоа што таквиот трошок за вработените граѓани е секојдневен и неизбежен, а несомнено го оптеретува домашниот буџет.

Сојузот на синдикати очекува Владата наредната недела на седница на Економско-социјалниот совет да ги прифати ваквите мерки и на тој начин да им испадне во пресрет на работниците со најниски примања и најранливите категории на граѓани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести