14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Василев: Ставот на претседателот Радев за Украина е срамен

Најчитани вести

Владејачката партија во Бугарија, Продолжуваме со промените целосно ќе го брани бугарскиот интерес, изјави премиерот Кирил Петков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тоа, според него, значи независна Бугарија, слободна Бугарија, просперитетна Бугарија. За жал, во поблиското и подалечно минато, Русија ја прифати Бугарија како петта колонија.

Според Петков, Бугарија има многу политички и економски кругови кои директно ги бранат руските интереси. Продолжуваме со промената ќе ги штити главно само бугарските интереси, што според премиерот на државата значи целосна независност, да се биде дел од европското семејство.

– Зад руските интереси, кои се дел од политичките и економските групи во Бугарија, веруваме дека зад нив стојат три милијарди потрошени за Турски поток и предлогот за гасна централа и нашето одбивање на азербејџански гас, наместо да имаме готов диверзификација, додаде Петков.

Вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија, Асен Василев коментира дека ставот на претседателот Радев за Украина е срамен бидејќи содржи разбирање дека Русија ќе победи во овој конфликт. Василев смета дека Украина ќе победи во овој конфликт и Бугарија мора да и помогне.

– Затоа што алтернативата беше прво Украина, а потоа и цела Источна Европа да стане вазал на Русија. Ние како Влада и партија тоа нема да го дозволиме… Ние не бараме војна, но кога ќе дојде до нашиот праг, ќе го одбиеме агресорот. Во овој конфликт Бугарија ќе и помогне на земјата која се бори против агресорот, истакна Василев.

Тој коментираше и дека против Бугарија се води невидена економска војна и рече дека во Брисел ќе се разговара за заедничка набавка на гас. Бугарскиот вицепремиер увери дека во моментов испораките на гас се загарантирани, бидејќи количините може да се обезбедат преку поврзување со Турција и течен гас, но цената засега ќе биде за 20 отсто повисока.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com